Владата во Берлин ќе ги покрива трошоците за бегалците

Од:

Германската Влада денеска одобри финансиски пакет, кој треба да им помогне на локалните власти да се справат со трошоците предизвикани од приливот на над 1,1 милион бегалци во земјата во 2015 година.

Со тоа, како што јави дописникот на МИА од Берлин, заврши повеќемесечниот спор меѓу федералните институции и покраинските и локалните власти кои бараа поголема финансиска помош од државниот буџет. 

Според предлогот на владата, од Федералниот буџет треба да се платат трошоците за сместување на бегалците, што е меѓу најголемите проблеми за локалните власти кои досега го имаа најголемиот товар.

– Започнуваме мерки кои ќе чинат околу 20 милијарди евра до 2019 година, изјави германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле, кој од Федералниот буџет на 16 сојузни покраини треба да им префрла околу две милијарди евра во наредните три години.

Покраинските власти сами ќе решаваат како ќе ги трошат парите кои се наменети исклучиво за трошоците поврзани со интеграција на бегалците.

Дополнителни средства Владата во Берлин одвојува за изградба на нови живеалишта за бегалците, а ќе ги покрие и трошоците за греење и наемнини за бегалците, кои предходно беа на товар на општините.

Предлог-законот за повеќе пари за трошоци за мигрантите пред да стапи во сила мора да биде потврден од германскиот Парламент.

Би можело да ве интересира

Спречен е напад на израелската амбасада во Берлин, уапсен е Либиец

Германија: Спречен можен терористички напад во Берлин

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Месечната социјална помош на едно сириско семејство од 6.000 евра предизвикаа големи полемики во Австрија

Предраг Петровиќ

„Франкфуртер алгемајне цајтунг“: Путин фрли бомба врз Берлин

Медведев: Може да се случи „Мајдан“ во Берлин