Владата на Велика Британија ги принудува сиромашните семејства да го напуштат Лондон

Од:

Властите во Лондон планираат да ги исфрлат семејствата со ниски приходи од градот и да ги преместат неколку стотини километри подалеку. Астрономските трошоци за домување, и намалувањето на социјалната помош им оневозможува на сиромашните семејства да живеат во главниот град на Обединетото Кралство. Во време на намалување на социјалната поддршка и високите кирии, се планира преселба на семејствата кои примаат помош за домување, открива студијата на Гардијан.

Овие мерки се одговор на намалувањето на социјалната помош, која ќе стапи на сила следниот април. Максимална финансиска помош за домување ќе биде 400 фунти (639 долари) и многумина ќе бидат принудени да се преселат, бидејќи просечната кирија за изнајмување во трисобен стан во центарот на Лондон е преку 2000 долари, пишува на интернет-страницата на “London Property Watch”(набљудувач на имотот во Лондон) .

Истражувањето на Гардијан покажаа дека општините во Лондон пронашле сместувања на следните локации: Thurrock i Luton, Northampton, Gravesend, Broxbourne, Dartford, Windsor, Slough, Margate, Epping Forest, Hastings i Basildon.

“Ќе биде практично невозможно да се обезбедат пристапни сместувања за да се исполнат обврските на бездомници во Лондон”, вели Кен Џонс, директор за станбени прашања и стратегија во советот на “Barking i Dagenham” во источен Лондон,за Гардијан. “Како што се зголемува притисокот, ќе бараме решение надвор од Лондон, дури и надвор од окрузите кои се граничат со Лондон.”

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство