Владата на чешкиот премиер Јиржи Руснок бара доверба од Парламентот

Од:

Чешкиот Парламент денеска ќе одлучи дали Владата на Јиржи Руснок, ќе ја води земјата до парламентарните избори следната година, јави дописникот на МИА од Прага.

Шансите на Руснок да успее да ја добие довербата на пратениците е мала, затоа што актуелниот биланс на силите е 92 спрема 103 пратеници, што не е во негова корист и тој нема доволно мнозинство за изгласување на новата Влада.

Политичката ситуација во Чешка се влоши по оставката на поранешниот премиер Петр Нечас поради наводна злоупотреба на воените тајни служби и корупциска афера од страна на негови блиски соработници и сопартијци.

Ситуацијата ја искористи претседателот Милош Земан, кој наспроти барањата на поранешната владејачка централно-десничарска коалиција Граѓанската демократска партија (ОДС) и партијата ТОП 09 да им ја додели премиерската функција именуваше техничка Влада, за што беше критикуван дека ја „турка“ својата левичарска опција.

Земан, на денешната парламентарна седница на која ќе се одлучува за иднината на новата Влада најави дека именување на Влада на поранешната владејачка коалиција не е исправно, поради тоа што тоа ќе значи продолжување на поранешната Влада на Нечас.

Сепак, аналитичарите предвидуваат дека Руснок ќе биде историски вториот чешки премиер кој нема да ја добие довербата на Парламентот. Претходно, тоа му се случи на премиерот Мирек Тополанек во 2009 година.

Што ќе се случува понатаму е неизвесно. Руснок, најави дека постои опција неговиот Кабинет да остане на власт иако ќе бидат во оставка, до изборите напролет во 2014 година. Главниот збор, ќе го има претседателот Земан, кој се уште не се изјасни што планира доколку предложената Влада не успее.

Најголемата политичка партија, ОДС најави дека доколку не успее гласањето, тие ќе излезат со својот предлог, премиер да биде Мирослава Немцова, актуелен претседател на Долниот дом на Парламентот и таа да предложи свој владин состав. Според најавите, поранешната владејачка коалиција се потпира на мнозинство во Парламентот.

Би можело да ве интересира

Фиала: Русија повеќе не може да не уценува

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Силна експлозија во ресторан: Шест мртви, осум повредени

Предраг Петровиќ

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица