Владата на Чешка поднесе оставка

Од:

Владата на Чешка, предводена од економистот Јиржи Руснок денеска поднесе оставка, откако минатата недела Парламентот не и изгласа доверба.

Премиерот оставката му ја достави на претседателот Милош Земан, а Владата ќе остане на должност како преодна можеби уште околу два месеци, додека политичките партии не постигнат договор за одржување на предвремените избори на есен.

Долниот дом на чешкиот Парламент и изгласа во петокот на 9 август недоверба на Владата на Руснок, сојузник на претседателот Милош Земан.

Против неговиот кабинет се изјаснија 100 пратеници, додека поддршката и ја дадоа 93 пратеници. Според важечкото законодавство, Парламентот за да изгласа доверба потребно е „за“ да гласатат повеќе од половината од присутните пратеници.

Владата на Руснок е именувана на 10 јули, а според законот мораше во рок од 30 дена да го „помине“ гласањето на доверба во Парламентот.

Согласно Уставот претседателот има право да даде втор предлог за мандатар, кој ќе состави влада. Уставот предвидува и трет обид, во кој премиерот го предлага претседателот на Парламентот.

Политичката ситуација во Чешка се влоши по оставката на поранешниот премиер Петр Нечас на 17 јуни поради наводна злоупотреба на воените тајни служби и корупциска афера од страна на негови блиски соработници и сопартијци.

Ситуацијата ја искористи претседателот Милош Земан, кој наспроти барањата на поранешната владејачка централно-десничарска коалиција Граѓанската демократска партија (ОДС) и партијата ТОП 09 да им ја додели премиерската функција именуваше техничка Влада, за што беше критикуван дека ја „турка“ својата левичарска опција.

Би можело да ве интересира

Фиала: Русија повеќе не може да не уценува

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Силна експлозија во ресторан: Шест мртви, осум повредени

Предраг Петровиќ

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица