Вкупно 34 мигранти се водат како исчезнати откако 36 часа чекале помош на отворено море

Од:

Се стравува дека 32 возрасни лица и две деца починале, откако 36 часа чекале помош во брод со мигранти што тонел во близина на брегот на Мароко, соопшти денеска шпанската невладина организација Вокинг Бордерс.

Основачката на Вокинг Бордерс, Хелена Малено соопшти дека спасувачите евакуирале 26 лица од бродот и ги пренеле во мароканскиот град Надор, додека уште 34 мигранти се водат како исчезнати и најверојатно настрадале во водите на Средозменото Море.

Малено информира дека мигрантите во неделата рано изутрина испратиле сигнал за помош од бродот, по што нејзината организација ги алармирала шпанските власти.

Шпанската Агенција за поморска безбедност, од своја страна, соопшти дека за случајот ги известила мароканските власти, имајќи предвид дека бродот се наоѓал во подрачје под јурисдикција на Мароко.

Според Малено, спасувачите пристигнале до бродот во понеделникот во доцните попладневни часови, околу 36 часа по добиениот сигнал за помош.

Би можело да ве интересира

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Приведени двајца криумчари на мигранти

Кичевчанец шверцувал петмина мигранти од Кина

Горан Наумовски

Пронајдени десет мигранти во две возила на преминот „Богородица“

Горан Наумовски

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Велика Британија исели речиси 13.500 мигранти