Вкупно 1.031 атракција на листата на заштитено светско културно наследство на УНЕСКО

Од:

Кога во 1978 година УНЕСКО првпат ја објави листата на заштитено светско културно наследство на неа се наоѓаа само 12 атракции.

На оригиналата листа се наоѓаат островите Галапагос и главниот град Кито во Еквадор, Националниот парк Јелоустоун и Националниот парк Меса Верде во САД, Националниот историски парк Ланси Медоуз и Националниот парк Нахани во Канада, Националниот парк Семјен и монолитната црква во Лалибел во Етиопија, рудниците за сол Величка и Бохња во Полска, островот Гор во близина на Дакар (Сенегал) и катедралата во Ахен во Германија.

Оваа листа денес вклучува 1.031 атракција, меѓу кои и фабриката за преработка на месо во Фрај Бентос во Уругвај, која под заштита на УНЕСКО се наоѓа од почетокот на јули минатата година.

Како што е прикажано на мапата земјите со најголем број заштитени локации се Италија (51), Кина (48), Шпанија (44) и Франција (41).

Од друга страна, Мјанмар и Парагвај имаат само по една заштитена атракција, Камбоџа, Исланд и Ирска по две, а Нов Зеланд три.

Кога станува збор за континенти, најбогати во однос на ова прашање се Европа и Северна Америка, со 420 културолошки, 61 природен и десет комбинирани атракции. Арапските земји имаат најмалку 79, од кои 33 отсто се загрозени.

Најзагрозени региони според УНЕСКО се Африка и блискоисточните земји, со по 16 загрозени атракции во двете области.

Експертите особено предупредуваат на Сирија, каде припадниците на Исламска држава во мај 2015 година го зазедоа и му нанесоа штета на древниот град Палмира.

Би можело да ве интересира

Зголемен ризик за загадување, прекумерен риболов и урбанизација на Охридскиот регион и езерото

Охридското крајбрежје заробено од непознати изведувачи – Левица со барање за инспекциски надзор

Костадиновска-Стојчевска: Ги исполнуваме препораките на УНЕСКО и заеднички овозможуваме трајна заштита на Охридскиот регион

Мониторинг-мисијата на УНЕСКО на проценка во Охрид

ВИДЕО: Италијанското оперско пеење доби статус на културно наследство на УНЕСКО

Предраг Петровиќ

Ковачевски во УНЕСКО: Северна Македонија е мултикултурна реткост и придонесува во ефикасен мултилатерализам