Виткоф: Се надевам дека војните во Украина и Појасот Газа ќе завршат до крајот на годината

Од:

Американскиот специјален претставник Стив Виткоф денес изјави дека се надева дека ќе ја реши војната меѓу Русија и Украина, како и преговорите за нуклеарната програма на Иран и војната меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас во Појасот Газа, до крајот на годината.

Виткоф му кажал на американскиот претседател Доналд Трамп на состанокот на кабинетот во Белата куќа дека оваа недела ќе има состаноци за војната во Украина, нуклеарната програма на Иран и војната во Појасот Газа, објави „Тајмс оф Израел“.

Виткоф рече дека сака Трамп да ја добие Нобеловата награда за мир, по што доби аплауз од другите членови на кабинетот во просторијата.

Медијаторите Катар и Египет сè уште чекаат Израел да одговори на предлогот што го составија врз основа на нацртот на Виткоф, кој Хамас го прифати на 17 август.

САД исто така се воздржаа од коментирање на предлогот и се чини дека ги поддржуваат плановите на Израел да ја преземе Газа, објави израелскиот портал.

Трамп во понеделник изјави дека верува оти војната во Појасот Газа ќе заврши во рок од две до три недели.

Сепак, се очекува израелската операција во Газа да трае неколку месеци, според „Тајмс оф Израел“.

Би можело да ве интересира

Ројтерс: Внатрешните немири во Белата куќа ги обликуваат пораките на Трамп за војната со Иран

Келог: Време е за нов сојуз

Во тек се индиректни преговори меѓу САД и Иран

„Њујорк тајмс“: Иран сè уште не е подготвен за преговори за завршување на војната

Багеи: Нападите на САД и Израел врз иранските цивили претставуваат геноцид

Степанов: Америка не сака фронтален конфликт со Москва