Виткоф: Постигнат е голем напредок во мировните преговори меѓу Русија и Украина

Од:

Специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф, денеска изјави дека е постигнат значаен напредок во мировните преговори меѓу Русија и Украина.

„Време е ова да се заврши. Охрабрен сум и оптимист. Преговорите сега се сведоа на едно клучно прашање и доколку двете страни сакаат решение – тоа е можно“, изјави Виткоф на Светскиот економски форум во Давос.

Тој оцени дека евентуалното создавање бесцаринска зона во Украина би можело значително да влијае врз економското закрепнување на земјата и да претставува „промена на правилата на игра“.

Виткоф подоцна денеска треба да отпатува за Москва, каде е најавена средба со рускиот претседател Владимир Путин, на која ќе се разговара за можностите за ставање крај на војната во Украина. Во делегацијата ќе биде и Џаред Кушнер, зет и близок соработник на американскиот претседател Доналд Трамп.

Претходно, специјалниот пратеник најави дека разговорите ќе се водат врз основа на план од 20 точки за прекин на војната, за кој наведе дека е завршен „повеќе од 90 проценти“.

Би можело да ве интересира

Кремљ ги отфрли најновите предлози за мир во Украина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Еден од најжестоките руски напади на Киев во последно време, Трамп најавува дека крајот е блиску

ВИДЕО: Виткоф му рече на Путин дека е хуманитарец

Рускиот дизел утре тргнува за Америка

НАТО стравува дека Трамп ќе ја принуди Украина на понижувачки мир со Русија

ВИДЕО: Руски дрон се заби директно во зграда во Киев, има жртви и повредени

Катерина Ѓуровски