Колона возила со специјалните пратеници на САД, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, денеска го напушти Кремљ по повеќе од два часа разговори со рускиот претседател Владимир Путин, пренесува РИА Новости.
За време на средбата, Путин, меѓу другото, предложи организирање хуманитарна мисија во Константиновка, по примерот на хуманитарната мисија во градот Олешки, која кон крајот на октомври доведе до локално примирје со Украина.
Виткоф изјави дека Соединетите Американски Држави прават сè што е потребно за да се стави крај на конфликтот во Украина.
