Високите температури во Португалија и Шпанија урива рекорди

Од:

На осум локации во централниот, јужниот и источниот дел на Португалија денеска беа подобрени локалните температурни рекорди, а според прогнозите, топлиот воздух, што се простира над Пиринејскиот Полуостров, ќе донесе уште повисоки температури.

Во внатрешноста на Португалија, термомерите покажаа околу 45 степени Целзиусови, а утре се очекува максимум од 47 степени. Во речиси целата земја објавен е црвен код според скалата на агенцијата за цивилна заштита. Тимови од медицински и противпожарни служби ќе бидат во состојба на готовност за време на викендот.

Вчера, во градот Абрантис, на 150 километри североисточно од главниот град Лисабон, беше измерена температура од 45,2 степени. Температурниот рекорд за Португалија, 47,4 степени, датира од 2003 година.

Во 41 од вкупно 50 шпански административни единици, објавено е предупредување за голем топлотен бран, очекувајќи температурите да достигнат 44 степени.
Рекорд за Шпанија е 46,7 степени, температура измерена во Кордоба во јули минатата година.

Според Светската метеоролошка организација, највисоката температура во Европа била регистрирана во 1977 година во Грција – 48 степени Целзиусови.

Би можело да ве интересира

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени