Високиот комесаријат на ОН за човекови права сака да распореди набљудувачи во Египет, кои ќе извршат оценка на ситуацијата, соопшти портпарол на Комесаријатот во Женева.
Набљудувачот ќе има за цел да обезбеди информации врз основа на сведоштва на претставници на невладини организации и други извори.
Комесаријатот изрази загриженост од континуираното насилство во Египет и особено од околностите околу смртта во неделата на 36 лица, уапсени од полицијата. Според организацијата овие смртни случаи треба да бидат испитани.
Според „Муслимански браќа“ бројот на жртвите во насилствата во Египет изнесува 2.000 лица.