Високиот комесаријат на ОН за бегалци подготвува планови за непредвидливи ситуации

Од:

Високиот комесар на ОН за бегалци соопшти денеска дека изготвува планови за непредвидливи ситуации, како бегство во Турција на сите 400.000 жители на сирискиот курдски град Кобане поради злосторствата на „Исламска држава“.

– Околу 138.000 сириски курдски бегалци влегле во Турција минатата седмица, а два гранични пункта остануваат отворени. Се подготвуваме за тоа целото население да избега во Турција. Населението во Кобане изнесува 400.000, изјави на прес-конференција во Женева Мелиса Флеминг, главен портпарол на високиот комесаријат на ОН за човекови права.

Сириските Курди се борат за да го заштитат граничниот град Кобане од борците од „Исламска држава“, додека млади Курди од Турција заминуваат за Сирија да помагаат во борбата.

Најмалку 105 села околу Кобане беа преземени од борците од „Исламска држава“ од 15 септември, меѓу кои 85 беа преземени во текот на викендот. Според податоци на високиот комесаријат на ОН за човекови права, уште сто села се напуштени или евакуирани поради стравувања дека ќе бидат преземени.

Би можело да ве интересира

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Германија објави план за враќање на бегалците од Сирија

Ал Шара: Изборите во Сирија би можеле да се одржат најмногу за четири години

Турција: Целта е да се постигне договор за поморските граници со Сирија