Високиот комесар на ОН за бегалци ја повика Европа да ги отвори границите за бегалците од Сирија

Од:

Високиот комесар на ОН за бегалци Антонио Гутериш ги повика земјите, најмногу од Европа, да го преразгледаат законодавството, со што ќе примат повеќе Сиријци, кои бегаат од граѓанската војна во нивната земја.

Бегалската криза на Блискиот Исток е закана за светската безбедност го предупреди Гутериш во кулоарите на конференцијата на Обединети Арапски Емирати.

Тој повика за обезбедување на легален пристап на сириските бегалци, за да не го ризикуваат животот на трговците со луѓе.

– Тоа не е само најтешката хуманитарна криза во последните децении, туку и најголема закана за регионалниот мир и безбедност, глобална закана, истакна тој.

Според ОН околу 2,7 милиони Сиријци побегнале во странство, претежно во соседните земји на Сирија, а внатрешно се раселени 6,5 милиони лица.

Гутериш рече дека секоја минута по едно дете во Арапскиот свет е принудено да го напушти својот дом.

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад