Високи цени на овошјето и зеленчукот во Франција

Од:

Последица на дождливата пролет се високите цени на овошјето и зеленчукот, кои во споредба со истиот период од годината се продаваат поскапо на пазарите за 14 отсто за овошјето и 17 проценти за зеленчукот.

Според студијата на асоцијацијата „Фамиј рурал“ (Рурално семејство), просечната цена цената на овошјето изнесува 3,78 евра за килограм, додека за зеленчукот просечната цена е 2,21 евра, што претставува највиоска цена од објавувањето на првата студија во 2007 година.

Наспроти ова зголемување на цените, кои ги прави овошјето и зеленчукот недостижни за многу француски семејства, претседателот на најголемиот земјоделски синдикат во земјата, Ксавие Белан, побара јавна дебата меѓу произведувачите, дистрибутерите и потрошувачите за цената на аграрните прехранбени производи.

Се разбира тешко е да се направи споредба на цените, бидејќи сите не се слични, но единствено цената на црешите забележа снижуање од 6,04 евра за килограм во 2012 на просечни 5,29 евра за килогра, оваа пролет.

Другите петнаесет овошја и зеленчуци кои се ставени во репрезентативната кошничка на обсерваторијата на цените забележуваат рекордни покачувања на цените.

Најпрво тиквичките ги надминаа сите рекорди од 32,6 отсто зголемување во однос со цената од летото 2012 година.

Крушата забележа покачување од 31,4 проценти и јаболката за 30,4 отсто. Зголемувањето на цената на праските без мов е послаба од само 5,35 проценти.

Цените на овошјето и зеленчукот не се исти во зависност каде тие се продаваат, така кошничката составена од по еден килограм од сите 8 овошја и 8 зеленчуци (16 килограми овошје и зеленчуко чини 43,05 евра во хард-дискунтите, 51,57 евра во маркетите и супермаркетите и 55,24 евра на пазарите.

Оваа разлика во цените се должи најмногу од продажбата на производи од странство во супермаркетите. Имено од 16 производи, дури 10 биле од странство кои се поефтини од француските производи, најчесто компирите, доматите и пиперките.

Праските, модрите патлиџани и морковите с епроизведуваат поефтино во Франција.

Тиквичките се продваат за 1,91 евра за килограм, крушите 3,22 евра, јаболката 2,53 евра, кајсиите 3,82 евра, една диња за 2,64 евра, зелена боранија 4,19 евра, зелена салата по 1,12 евра за парче, модрите патлиџани за 2,44 евра по килограм, праските 3,44 евра, компирите 1,69 евра, јагодите 6,54 евра, пиперките 3,20 евра, доматите 2,16 евра, морковите 1,48 евра и голите праски 3,35 евра и црешите за 5,29 евра по килограм, кои се продаваат поефтино во споредба со лани.

Во 2013 година просечната цена на био производите (органска храна) изнесува 6,41 евра за килограм овошје, односно за 19 отсто повисока од лани, наспроти 3,77 евра за неорганско овошје кое забележа праст на цената за 70 проценти.

Цената на био зеленчукот е 3,83 евра, односно зголемување од 15 отсто, наспроти 2,25 евра за другиот зеленчуки. Истовремено био производите освојуваат се повеќе терен во Франција иако претставуваат само 3,8 проценти од обработливата корисна земја во Франција.

Би можело да ве интересира

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт