Вирусот Flame го создале САД и Израел

Од:

САД и Израел заеднички го создале вирусот Flame кој ги собира разузнувачките податоци за успорување на иранската нуклеарна програма, пишува американскиот Washington Post.

Весникот наведува дека целта на компјутерскиот вирус е да ги копира компјутерските мрежи и да ги снима компјутерите на иранските официјални лица.

Flame е измислен за да прибира разузнувачки информации во склоп на сајбер кампањата против иранската нуклеарна програма, а во изработката на вирусот учествувале американската Агенција за национална безбедност, ЦИА и израелската војска.

Во сајбер кампањата против иранската нуклеарна програма спаѓа и употребата на друг комјутерски вирус Stuxnet кој предизвикува дефекти во иранската нуклеарна опрема.

Flame е најкомплексната компјутерска шпионска програма која е откриена досега.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Ако проектил од подморница летне кон Америка…“: Џеј-Ди Венс и се закани на Данска од воената база на Гренланд

Предраг Петровиќ

Кој е Марк Брновиќ, новиот американски амбасадор во Србија

Предраг Петровиќ

САД го бомбардира Јемен, Хутите му се одмаздуваат на Израел

(ВИДЕО) Малолетници ја пробија вратата на продавницата и украдоа оружје

А1он

Карасин: Русија и САД ги продолжуваат преговорите со меѓународно посредништво

Тајмс: Путин се обиде да манипулира или измами пет американски претседатели