Виктор Орбан ги обвини САД за мешање во Централна Европа

Од:

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ги обвини САД за мешање во внатрешните работи на земјите од Централна Европа, оценувајќи ги како „изговор“ обвиненијата за корупција упатени од Вашингтон кон Будимпешта.

Ние сме во нова ера, САД не се задоволуваат со интервенирање, туку активно учествуваат во политичкиот живот на земјите од Централна Европа, изјави Орбан во предновогодишно интервју на телевизијата М1, пренесува БТА.

Според него тоа се должи на конфликтот меѓу Русија и Украина и на преговорите за слободна трговија меѓу ЕУ и САД, додека американските интереси особено се забележуваат во енергетиката и трговската политика. Тие сакаат да не вовлечат во конфликт, што може да биде само лош за нас. Состојба на студена војна се создава меѓу САД и Русија и ние не сакаме да учествуваме во тоа, изјави тој.

Вашингтон кон средината на октомври прогласи за персона нон грата шестмина високи унгарски службеници поради сомнежи за корупција. Секој разумен човек знае дека тврдењата за корупција се само изговор. САД сакаат влијание, изјави Орбан.

Според Орбан САД сакале да добијат дозвола за изградба на нова унгарска АЕЦ, но не ја добиле задачата, што било „болно“ за Вашингтон.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Сијарто: Не пристигна подобра понуда за замена на руската енергија

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија