Објавените пресретнати разговори на актуелниот министер за надворешни работи на Германија Франк – Валтер Штајнмаер датираат од крајот на 2005 веднаш откако тој се вратил од Вашингтон каде се сретнал со неговата колешка Кондолиза Рајс. Доказите кои што ги објавува Викиликс укажуваат дека покрај Штајнмаер и уште 20 други цели во германското МНР американската национална безбедносна агенција (НСА) шпионирала голем број на германски дипломати уште пред 11 Септември 2001 година. Меѓу нив се и екс министерот за надворешни работи Јошка Фишер кој бил и вицеканцелар во периодот од 1998 до 2005 година.
Според пресретнатите разговори на Штајнмаер од 2005 година тој изгледал релаксиран затоа што не добил било каков конечен одговор од државниот секретар на САД за извештаите дека преку ЦИА илегално преку Германија во тајни затвори во Источна Европа префрлувала осомничени за тероризам и таму ги испитувала. Во тој период германските власти отфрлала секаква можност дека ЦИА ја користела територијата на Германија за своите тајни операции спротивни на меѓународното право.
Според Викиликс Штајнмаер бил дел од прислушувањето на НСА и поради неговата предходна позиција како шеф на персоналот на канцеларот Герхард Шредер кој директно ги координирал германските тајни служби. Во извештајот на Викиликс се споменува и случајот со германскиот државјанин Калед Ел – Масри кој што откако во 2003 година бил уапсен од македонските власти на граничниот премин Табановце бил предаден на ЦИА која подоцна го однела во Авганистан. Кога ЦИА утврдила дека се работи за погрешен човек тој бил оставен во Албанија. Поради Ел – Масри Европскиот Суд за човекови пресуди 60 илјади евра оштета затоа што беше утврдено дека Македонија го прекршила членот 3 од Европската конвенција за човекови права, со кој се забранува нечовечко и понижувачко однесување, членот 5 правото на слобода и сигурност, членот 8 право на приватен и семеен живот, како и членот 13 право на правично судење.
Според наводите на Викиликс НСА покрај Штајнмаер шпионирала уште 20 други телефони во германското МНР меѓу нив 11 мобилни броеви и телефонот што министерот го користел во неговата Социјал Демократска партија.
Покрај него на листата се и сегашниот генреален конзул на Германија во Мајами Јирген Бош кој што бил шеф на Центарот за кризни ситуации во германското МНР. На листата се и Виктор Еблинг Комесар за политики за меѓународна енергија, Бенхард фон Валдерсе директор за Јужна Америка и Кариби и Петар Амон државен секретар од 2008 до 2011 година кој подоцна беше амабсадор во Вашингтон а сега прв германски дипломат во Лондон. Со најновата листа на прислушувани разговори во Германија од страна на НСА бројот на прислушувани цели се зголемува на 145 , меѓу нив се највисоките германски владини претставници.