Викиликс денеска почна со објавување на повеќе од 100 документи на американското министерство за одбрана, меѓу кои и детални фајлови за „политиката“ на американската војска во затворите во Ирак и во воената база Гвантенамо на Куба, во годините после терористичките напади од 11. септември 2001.година.
Во соопштението Викиликс го критикува правилото кое како што се наведува, доведе до неказнета злоупотреба на сила и ги повика активистите за човекови права да ги искористат документите кои сајтот ќе ги објавува во следните триесетина дена, а со цел да се преиспита она што беше нарекувано како „политика на неурачунливост“ .