Викиликс објави илјадници доверливи материјали на ЦИА

Од:

Меѓународната непрофитабилна организација Викиликс објави илјадници документи, за кои тврди дека припаѓаат на Центарот за сајбер-безбедност на Централната разузнавачка агенција (ЦИА) на САД.

Со ова веројатно ќе се даде можност да се „ѕирне во кујната“ на кибер-шпионажата што ја спроведувала ЦИА, забележуваат американските медиуми.

Американските медиуми не можат да потврдат дали објавените документи се автентични.

Прашањата за оваа тема, што и беа поставени на ЦИА, засега останаа без коментар.

Викиликс сепак, има долга историја на објавување на многу тајни владини документи, меѓу кои и стотици илјади американски дипломатски програми.

Експертот Џејк Вилијамс, основачот на консултантската компанија во областа на информатичките технологии и безбедносна „Рендишан Инфосек“, кој ги прегледал објавенитее документи, изјави дека тие изгледаат веродостојни.

Ако се потврди нивната автентичност, тоа ќе биде уште еден катастрофален пробив во системот на американското разузнавање, направен од Викиликс и нејзините соработници, кои постојано ги понижуваат САД со масовно објавување на доверливи материјали.

Би можело да ве интересира

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина

Шефот на ЦИА: Западот не треба да се плаши од руските закани за нуклеарна ескалација

Горан Наумовски

Според сознанијата на ЦИА и МИ-6: Путин нема да успее, подемот на Кина е главниот предизвик

ЦИА: Украина има намера да задржи дел од освоената руска територија на некое време

ВИДЕО: Шефот на ЦИА се сретна со Кури во Приштина

ЦИА: Лидерот на Хамас Јахја Синвар е под притисок да прифати договор со Израел