Викиликс: Меркел била збунета од кризата во Грција

Од:

Викиликс објави прислушувани разговори меѓу германската канцеларка Ангела Меркел и нејзиниот личен асистент во кои тема била грчката криза.

Меркел не била сигурна што би можело да ја спаси Грција, дали намалување на долговите или нов пакет финансиска помош, покажува транскриптот од прислушуваниот разговор во октомври 2011 година.

Таа стравувала дека дури и ако и се прости дел од долгот, Грција нема да може да ги реши проблемите.

Американските тајни служби со години ја прислушувале Меркел, а Викиликс сега ги објави тајните документи.

Од снимките се гледа и дека Меркел не била сигурна оти на Грција би и помогнал тим од финансиски експерти. Додека германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле ја поддржувал идејата за намалување на долгот на Грција.

Викиликс вчера објави дека американската Агенција за национална безбедност (НСА) не ја прислушувала само Меркел, туку и неколку германски министри.

Би можело да ве интересира

Олаф Шолц го призна поразот: Горчлив резултат за социјалдемократите

А1он

Лидерите на АфД по историскиот успех: Добивме мандат за „епохални промени“

А1он

Мерц веќе прогласи победа на изборите во Германија

А1он

Објавени се првите излезни анкети од изборите во Германија – Демохристијаните се во водство

А1он

Шолц ги повика Германците да гласаат

А1он

Мерц оптимист пред изборите во Германија: Левицата е готова

А1он