Викиликс ќе учествува на австралиските избори во септември

Од:

Групата Викиликс, која се занимава со објавување доверливи информации и документи, денеска официјално соопшти дека ќе се кандидира на изборите во најмалку три австралиски држави, порачувајќи дека би било срамно кога нејзиниот основач Џулијан Асанж би победил, а не би можел да ја извршува функцијата за која е избран.

Асанж, кој по потекло е од Австралија, минатата година најави дека ќе се кандидира за Сенатот и сега го спроведува тој план, иако од јуни се крие во еквадосрката амбасада во Лондон.

Адвокатот Грег Барнс, кој е нов шеф на предизборната кампања на Асанж, изјави дека партијата Викиликс има кандидати во најмалку три држави на изборите кои ќе се одржат на 14 септември.

Тој истакна дека Викиликс, покрај Асанж, кој како што се очекува ќе се кандидира за Сенатот во државата Викторија, ќе ја претставуваат уште неколку „многу квалитетни кандидати“.

Партијата Викиликс има веќе над 500 регистрирани членови.

Би можело да ве интересира

Австралија: Медицински работници тврдат дека убиваат израелски пациенти

Горан Наумовски

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме

Откриен нов вид пајак: Нема противотров за него

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се урна мал авион во Австралија, тројца загинати

А1он

Двајца морнари загинаа во одделни несреќи на трката Сиднеј-Хобарт

(ВИДЕО) Запалена е синагога во Мелбурн, внатре имало верници, има и повредени

Горан Наумовски