Виетнамски девојчиња се криумчарат во Кина и продаваат како деца невести

Од:

Си-Ен-Ен – Њујорк

– Кога се разбудив, не знаев дека сум во Кина, се сеќава Лан на ноќта кога и се смени животот.

Додека се подготвувала да се запише на универзитет на границата во северен Виетнам, пријател кого го запознала на интернет ја повикал да вечераат во друштво. Потоа, кога и се приспало и побарала да си оди дома, луѓето со неа ја натерале уште да остане и да разговараат и да пијат.

Следното на кое се сеќава е дека била прокриумчарена преку границата во Кина.

– Тогаш сакав да излезам и да си одам, вели Лан. „Имаше и други девојки во автомобилот, но имавме и чувари“.

Селата долж виетнамско-кинеската граница се ловишта за криумчарите со луѓе. Девојчиња на 13-годишна возраст велат дека биле излажани и дрогирани, а потоа пренесувани преку порозната граница со бродови, моторцикли или автомобили. Млади Виетнамки се сметаат за многу вредни во Кина, каде политиката за едно дете и дамнешниот сон за добивање син силно го погодија соодносот помеѓу половите. Едноставно кажано, кинеските мажи се гладни за млади невести.

– Потребни се големи пари за обичен Кинез да се ожени со кинеска жена, објаснува Ха Ти Ван Кан, национален проект координатор во антикриумчарската крограма на ОН во Виетнам. Традиционално, кинеските мажи кои сакаат да се оженат со локална жена треба да платат за голема свадба и да обезбедат нов дом каде ќе живеат по свадбата. „Затоа тие се обидуваат да увезат жени од соседните земји, меѓу кои и од Виетнам“.

Диеп Јанг ја отворил фондацијата Пацифик линк за да се бори против криумчарењето на луѓе во Виетнам. Таа вели дека виетнамските невести можат да бидат продадени и за 3.000 долари на крајниот купувач и дека често ги сметаат за пожелни заради културните сличности со кинеските.

Нгујен имала само 16 години кога нејзинот пријател ја издрогирал и ја прокриумчарил во Кина. Таа се обидела да се спортивстави на присилното мажење. Цели три месеци таа одбивала да се омажи, иако криумчарот ја тепал, не и давал јадење и се заканувал дека ќе ја убие, вели таа. На крајот, таа потклекнала. Вели дека мажот и бил добар кон неа, но никогаш не престанало да и недостасува нејзиното семејство во Виетнам.

– Мојата желба да се вратам дома беше неопислива, вели Нгујен. „Се согласив да се омажам, но не можев да останам со мажот кон кого немав никакви чувства“.

Кога нејзината свекрва сфатила дека Лан нема никогаш да го прифати тој брак, семејството им ја вратиле на криумчарите. Парите им биле вратени, вели Нгујен, а потоа била присилена на втор брак.

Засолниште за избегани жени

Фондацијата Пацифик линкс има засолниште за жртви на криумчарење во градот Лао Каи, во северен Виетнам. Младите жени таму остануваат во просек по две до три години. Одат на училиште или на професионална обука. Добиваат и терапија преку уметност. Учат да шијат и готват и да одржуваат големи градини. Заедно со други жени кои имаат слични животни искуства, засолништето им помага да застанат на нозе, а потоа да пронајдат работа за да се издржуваат.

– Еднаш кога целиот процес во кој инвестираат во себе ќе заврши, потоа на овие млади жени им е полесно да си започнат свој живот, вели Диеп.

Нејзината организација исто учествува и во животот во заедниците во обид да спречат уште девојчиња да паднат во рацете на криумчарите со луѓе. Еднаш месечно, група на жртви на криумчарење го посетуваат пазарот во Бае Ха, регионална крстосница каде се купува храна, материјали за шиење и жива стока. На тој ден, на пазарот заедно со стотици други присутни, тие зборуваат за своите искуства, поставуваат и одговараат на прашања, и играат игри со толпата народ. Кога ја отвораат темата за луѓето да споделат лични искуства во однос на криумчарењето на луѓе, повеќе од 20 жени излегоа отворено да зборуваат за тој проблем.

– Сметам дека свесноста за ова е единствената алатка за борба против тоа, вели Диеп.

Ха од ОН се согласува дека врвниот приоритет е да се прошири свесноста за криумчарењето на луѓе, посебно во сиромашните рурални региони долж границата. Таа исто верува дека намалувањето на сиромаштијата ќе ги спречи жените да одат во Кина да бараат работа, што е уште еден вообичаен начин криумчарите со луѓе да доаѓаат до жртви.

Спасена на границата

За време на присуството на Си-Ен-Ен на границата, од владата не повикаа и не известија дека полицијата штотуку спасила пет девојки додека се подготвувале да ја минат граицата со криумчарот. Се видовме со девојките, кои имаа само 14 години. Ни рекоа дека од нивен сосед од истото село им биле ветени по 600 долари за да работат во Кина. Не им кажале на родителите дека ќе заминат. Соседот сега е уапсен. Виетнамската полиција понекогаш може да спаси жени, дури и откако ќе ја преминат границата со Кина, со помош од кинеските власти. Нгујен Туонг Лонг, шеф на владиниот социјален центар за превенција од пороци во Лао Каи, вели дека минатата година спасиле и вратиле 109 виетнамски прокриумчарени жртви.

– Преку соработката на виетнамската со кинеската полиција, откривме и прекинавме ланец на крумчарење на луѓе, вели Нгујен. „Пронајдовме жени длабоко во внатрешноста на Кина, во бордели каде биле присилени да работат како сексуални робинки“.

Криумчарените жени кои не биле пронајдени и спасени при рации треба самите да си најдат излез. Некои од нив велат дека успеале да контактираат со своите семејства од Кина, но дека не можеле да добијат помош од полицијата бидејќи не знаеле каде точно се наоѓаат.

Лан и Нгујен завршиле во ист град во Кина. Две години подоцна, тие успеале да избегаат од нивните домови и да дојдат со такси до локалната полициска станица. За сето тоа време се плашеле дека семејствата на нивните сопрузи ќе ги пронајдат. Кинеската полиција ги испитала и на крајот ги вратиле во Виетнам.

Жените биле ослободени од присилните бракови, но за тоа платиле висока цена. И двете ги оставиле своите бебиња во Кина.

Лан вели дека ако повторно си ја види ќерката, ќе и се извини затоа што ја оставила. „Се надевам дека таму ќе има поубав живот“, вели таа.

И Лан и Нгујен велат дека на училиште учителките им зборувале за криумчарењето на луѓе. Тогаш и двете не верувале дека тоа може и ним да им се случи.

Би можело да ве интересира

Си Џинпинг: Кина и Русија се чувари на глобалната стратешка стабилност

Неуспешни преговори за електричните кинески автомобили

Предраг Петровиќ

Разговорите Кина-ЕУ за царината на електрични возила завршија со несогласувања

A1on

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

ВИДЕО: По 44 години Кина лансираше интерконтинентална балистичка ракета во меѓународни води

Катерина Ѓуровски

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина