Виетнам работи на брзата идентификација на жртвите од камионот во Англија

Од:

Виетнам се обидува да ја забрза идентификацијата на своите граѓани за кои се сомнева дека се меѓу лицата кои минатата недела беа пронајдени мртви во камион ладилник во близина на Лондон.

-Националноста на жртвите се уште официјално не е потврдена, изјави виетнамскиот заменик министер за надворешни работи, пренесен од британските медиуми.

Според него, Виетнам и Велика Британија „се обидуваат да ја забрзаат идентификацијата на телата, но немаат поставено рок“.

Британски суд вчера соопшти дека во шверцот на лицата кои настрадаа во ладилникот биле вмешани членови на меѓународна криминална група. Возачот на камионот е соочен со обвинение за убиство и трговија со луѓе.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британка и нејзиниот вереник пронајдени мртви во вила во Виетнам

А1он

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин