Виетнам ќе продолжи да дава приоритет на односите со Куба

Од:

Виетнамскиот министер за надворешни работи Фам Бин Мин, денеска по разговорите со шефoт на кубанската дипломатија Бруно Родригез Парила во Ханој, изјави дека односите меѓу Виетнам и Куба се пријателски и содржајни и дека двете земји продололжуваат да имаат сеопфатна билатерална соработка.

Според виетнамските медиуми, двајцата министри заклучиле дека има уште простор за зајакнување на соработката, особено на економски и технолошки план.

Тридневниот престој на кубанскиот министер за надворешни работи на Виетнам има третман на највисока државна посета. Парила во Виетнам ќе има разговори со генералниот секретар на виетнамската Комунистичка партија Нгуен Тронг и премиерот Нгуен Тан Дунг.

Би можело да ве интересира

Куба почна да ослободува затвореници како дел од преговорите со Ватикан

Горан Наумовски

Британка и нејзиниот вереник пронајдени мртви во вила во Виетнам

А1он

Земјотрес со јачина од 5,9 степени ја погоди Куба

ВИДЕО: Снимки од силните земјотреси во Куба, паника насекаде

Предраг Петровиќ

Куба повторно остана без струја

Горан Наумовски

Најмалку 24 лица загинаа во поплавите во Виетнам