Виетнам ја обвини Кина за вооружени закани кон виетнамски рибари

Од:

Виетнам упати официјален протест поради однесувањето на кинеските воени бродови кои го контролираат подрачјето во спорниот дел на Јужното Кинеско Море, каде што Кинезите започнаа со поставување на нафтени платформи.

Според соопштението на виетнамското Министерство за надворешни работи, кинески воен брод се доближил само на 200 метри до неколку рибарски бродови од Виетнам и видливо ги насочил топовите и митралезите кон нив.

Инцидентот го потврдил и новинар на јапонскиот весник „Јомиури Шимбун“, кој настанот го следел од брод на виетнамската крајбрежна стража. Според јапонскиот новинар, во блиската средба со виетнамскиот брод учествувале шест кинески воени бродови.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

ВИДЕО: Одмазда на Кинезите, Трамп ја засилува трговската војна со сите

Кина не сака присилно раселување на Палестинците од Газа

Силен земјотрес во Кина

Во сила се царините на Трамп за Кина, експресен одговор на Пекинг

(ВИДЕО) Експлозија во трговски центар во Кина – ранети лежат на улица

А1он