Виетнам и официјално изрази жалење поради антикинеските протести во мај годинава

Од:

Претставник на виетнамското Министерство за надвоешни работи, на прес конференција, денеска соопшти дека Виетнам и официјално изразил жалење поради антикинеските протести што резултираа со демолирање на дваесетина фабрики, петмина убиени  десетици ранети  кинески работници.

Ова е прво јавно извинување поради инцидентите, а доаѓа со одлагање најмногу поради  напнатите односи меѓу двете држави по поставување на кинески нафтени платформи во Јужното Кинеско Море на територија на која право на сувереност полага Виетнам.

Портпаролот на виетнамското министерство за надворешни работи, соопштувајќи ја изјавата за жалење поради немилите настани, потврди дека од утре во официјална посета на Пекинг патува виетнамска делегација на чело со генералниот секретар на Политбирото на виетнамската комунистичка партија Ле Хонг Ан. Тој во Кина ќе има средби со повеќе високи личности на кои, како што е соопштено, ќе се побараат решенија за смалување на напнатоста меѓу двете држави и ќе се утврдат мерки за да не се повторат настаните од мај годинава.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

ВИДЕО: Одмазда на Кинезите, Трамп ја засилува трговската војна со сите

Кина не сака присилно раселување на Палестинците од Газа

Силен земјотрес во Кина

Во сила се царините на Трамп за Кина, експресен одговор на Пекинг

(ВИДЕО) Експлозија во трговски центар во Кина – ранети лежат на улица

А1он