Виетнам бара меѓународна арбитража за спорот во Јужното Кинеско Море

Од:

По неколкумесечни дипломатски обиди со билатерален дијалог да се реши спорот околу суверенитетот на територијата на Јужно Кинеско Море, најчесто поттикнувани од Пекинг, Виетнам не ги прифати сугестиите на Кина и формално ја приложи својата тужба за арбитража пред Меѓународниот суд во Хаг.

Вакво барање на почетокот на годинава поднесоа и Филипините.

Веднаш по објавувањето на веста дека и Виетнам бара меѓународна арбитража уследи остра реакција од Пекинг. Во соопштение на кинеското Мнистерство за надворешни работи, е повторен кинескиот став дека Пекинг нема намера да учествува во расправата пред Судот во Хаг и дека сите треба да ги почитуваат историјата и фактите според кои Кина има апсолутно право на сувереност над морето.

Односите меѓу Пекинг и Ханој се влошија по масовните протести против Кина ова лето, кога беше објавена информацијата дека Кинезите поставуваат нафтени платформи во делот на Јужно Кинеско Море, што Виетнам го смета за своја територијата.

Во немирите беа уништени дваесетина фабрики градени со кинески капитал, а по убиствата на четворица и ранувањето на 26 кинески граѓани, неколку илјади Кинези го напуштија Виетнам.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

ВИДЕО: Одмазда на Кинезите, Трамп ја засилува трговската војна со сите

Кина не сака присилно раселување на Палестинците од Газа

Силен земјотрес во Кина

Во сила се царините на Трамп за Кина, експресен одговор на Пекинг

(ВИДЕО) Експлозија во трговски центар во Кина – ранети лежат на улица

А1он