Во шест болници во Виена примени се 15 повредени во синоќешниот вооружен напад, од кои седуммина се сериозно повредени, соопшти директорот на „Виенските болници“ Михаел Биндер.
Биндер за јавниот сервис ОРФ изјави дека станува збор за повреди добиени од куршуми, и оти кај неколкумина повредени е извршена и хируршка интервенција.
Тој наведе дека после 2 часот немало нови примени и изрази надеж дека нема да има повеќе повредени.
Биндер рече дека поради ситуацијата се мобилизирани дополнителни ресурси, односно дополнителен персонал.