Виена бара разјаснување на тврдењата дека БНД ја прислушувал австриската полиција

Од:

Официјална Виена побара објаснување по повод информацијата дека германската разузнавачка агенција БНД прислушувала австриски институции, меѓу кои и полицијата, а по налог на американската разузнавачка агенција НСА.

– Ги анализираме извештаите. Моите експерти се во контакт со Германија, изјави австриската министерка за внатрешни работи Јохана Микл-Лајтнер.

Таа рече дека веднаш по објавувањето на информацијата за прислушувањето, на празникот на трудот, дала налог да се испитаат тие тврдења.

Според германски „Билд“, БНД со години се занимавал со економска шпионажа за НСА. Во рамките на тие активности, прислушувани се и австриски институции, меѓу кои и полицијата.

Шпионските активности на БНД за НСА почнале со американско-германскиот пакт по терористичките напади на Њујорк, а првите собрани податоци биле проследени во 2002 година.

Би можело да ве интересира

Австрија: Уапсен тинејџер кој планирал напад на железничката станица во Виена

Сириецот кој бодеше луѓе во Вилах бил член на ИСИС, се радикализирал на социјалните мрежи

Катерина Ѓуровски

Сириец избоде пет лица на улица во Австрија, почина 14-годишник

Предраг Петровиќ

Паника во Европската Унија – доаѓа нов Орбан, склучил „пакт“ со Путин

А1он

(ВИДЕО) Австрискиот канцелар поднесе оставка, преговорите за коалициската влада пропаднаа

А1он

Австрија ќе почне да ги депортира Сиријците

Горан Наумовски