Жителите на гратчето Саливен, близу мексиканската граница се уште не можат да поверуваат што се случило навистина и кој го убил двегодишниот Елисеа, мајката или тетката.
Мајра Росалес, е тешка 450 килограми. Таа тврди дека го убила двегодишниот внук Елисеа Јуниор , легнувајќи врз него , со што го задушила.
Адвокатите и обвинителите се сомневаат дека таа ја превземала вината за да си ја спаси сестрата, мајка на убиеното дете. Мајра, koja е најтешка жена во светот, тврдела дека детето случајно се превртело во нејзиниот кревет и така легнала врз него и го задушила.
Но, нејзиниот адвокат уште од почетокот велел дека приказната е многу сомнителна. Нејзината изјава сериозно е доведена во прашање, во моментот кога лекарите утврдиле дека детето починало од удар, а не од гушење. Сега Мајра вели дека видела како нејзината сестра со четка го удрила Елисеа по рацете, ногата и главата, но решила да ја преземе вината за нејзините деца да имаат мајка.
Погледајте го шокантното видео .