ВИДЕО:„Ајзак“ уби 19 лица, оштети 2.345 згради

Од:

Олујата Ајзак, која на Хаити уби најмалку 19 лица, уништи 335 згради и оштети 2.345 куќи, се претвора во ураган и се движи кон американската обала. Во четири држави, Флорида, Луизијана, Мисисипи и Алабама, прогласена е вонредна состојба и наредена е евакуација поради страв дека ќе се повтори катастрофата од август 2005-та година. Њу Орлеанс го донесе ураганот Катрина.

Американскиот претседател Барак Обама во телефонски разговор го информирал гувернерот на Луизијана, Боби Џиндал, дека во таа држава денес прогласил вонредна состојба.

Прогласувањето вонредна состојба ќе им овозможи на службите за борба со бури да располагаат со федералните средства.

„Ги пребројуваме жртвите како ни пристигнуваат податоци. Немаме технолошки средства кои би ни овозможиле брзо да ги собереме сите потребни податоци“, изјавила директорката за цивилна заштита на Хаити.

Тропската олуја Ајзак, со налети од ветрови од 105 километри на час, стигна до крајбрежјето на Флорида, а се очекува нејзино зајакнување на патот до крајбрежјето на Мексиканското крајбрежје. Поради тоа е одложена конвенцијата на републиканците на Флорида на која Мит Ромни треба официјално да биде избран за претседателски кандидат.

Тропска бура Ајзак тргна вчера во насока на Луизијана и други американски држави во Мексиканскиот залив, речиси седум години откако во ураганот Катрина, кој го разори Њу Орлеанс, загинаа околу 1.800 луѓе.

Бурата се движи кон северниот брег на Мексиканскиот залив со брзина на ветерот од 100 километри на час и во рок од 24 часа би можело да достигне сила на ураган, соопшти Националниот центар за урагани во Мајами.

Би можело да ве интересира

Кремљ: САД е непријателска земја за Русија

А1он

Владата на САД ја дели еден ден да остане без пари

Две лица загинаа, а тројца се повредени во судир на товарен воз во Тексас

ВИДЕО: Тројца браќа богаташи повеќе од 10 години силувале и злоставувале жени

Катерина Ѓуровски

Артан Груби се повлекува од јавниот живот откако се најде на „црната листа“ на САД

A1on

САД бараат начини да ги намалат приходите на Русија од нафтата