Жена во Конектикат (САД) уби двајца тинејџери-разбојници кои се обидоа да ја ограбат. Педесетгодишната Ели Форд, додека ја миеше својата кола во перална за возила, беше нападната од разбојниците кои прво се обидоа да и го украдат возилото. Откако жената им се спротивстави, таа го зема пиштолот кој се наоѓаше во возилото и ги застрела разбојниците. Кога на местото на настанот пристигна брзата помош, лекарите ги прогласија за мртви двајцата разбојници.
@user9921724916216
