(ВИДЕО) Жена од Полска сруши Гинисовиот рекорд: Помина повеќе од три часа „закопана“ во мраз

Од:

Катажина Јакубовска (48) од Полска постави нов Гинисов рекорд откако стоеше во кутија полна со мраз три часа, шест минути и 45 секунди. Овој пат е нешто помалку од рекордот кај мажите што го имаше нејзиниот сонародник, Ксистоф Гајевски (три часа, 11 минути и 27 секунди).

Катажина работи како дизајнерка, а со овој подвиг сакала да инспирира и други жени.

„Верувам дека имаме голема сила. Сакав да докажам дека ако сакаме нешто, можеме да го направиме тоа“, рече таа.

Пред да влезе во „замрзнатата“ кутија, таа беше подложена на низа лекарски прегледи, за експертите да се уверат дека тоа нема негативно да се одрази на нејзиното здравје.

Катажина истакнува дека за време на престојот во мразот (била во костим за капење) не почувствувала болка или непријатност.

„Студот не ми е пречка, можам да најдам топлина во него. Можам да контролирам во што сум и мојата глава знае кога да го испрати вистинскиот сигнал“ изјави Јакубовска.

Би можело да ве интересира

Шпионска афера во Полска, оставка поднесе шефицата на полското Биро за борба против корупција

Русин е депортиран од БиХ, планирал саботажи против Полска, САД и други земји

Туск: ЕУ повеќе не смее да носи никакви одлуки кои би ги зголемиле цените на енергијата

Поради корупција приведен е екс портпаролот на полскиот претседателот Анджеј Дуда

А1он

Најстудено во Битола, Прилеп и Берово, најтопло во Гевгелија

„Црниот мраз“ ја парализира Германија: Повеќе од 260 сообраќајки, затворени училишта и патишта