Една жена во Лас Вегас e обвинета за убиство, откако турна постар маж од автобус по што падна на тротоарот, а подоцна и почина.
*Disturbing Video* Detectives would like to speak anyone present during this incident on March 21, 2019, in which an elderly male was pushed from a bus near Fremont St and 13th St, around 5PM. Please call #LVMPD Homicide Section Detectives at 702-828-3521 w/info. pic.twitter.com/MXYXZbvNkg
— LVMPD (@LVMPD) May 14, 2019
На социјалните мрежи се појави видео снимка од безбедносните камери, на која се гледа како мажот се подготвува да излезе од автобусот, а жена со сета сила го турка, по што тој паѓа на тротоарот.
Инцидентот се случи на 21 март, а несреќниот човек беше пренесен во болница каде што по еден месец им подлегна на повредите.
Кадеша Бишоп, 25, се соочува со обвинение за отворено убиство на постара ранлива личност. Прелиминарното сослушување е закажано за 21 мај.
Како што е наведено во изјавата на полицијата, обвинетата веќе има криминално минато.