(ВИДЕО) Зеленски: Русите губат стотици војници дневно во Доњецк

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето ноќно видео обраќање ги нарече интензивните борби во источниот регион Доњецк „епицентар на најголемото лудило на окупаторите“. „Тие умираат во стотици, секој ден. Тлото на линијата на фронтот пред украинските сили е буквално покриено со телата на окупаторите“, рече Зеленски.

Тогаш Зеленски, зборувајќи на руски, рече дека дел од руските војници во областа Павливка се пожалиле на големите загуби на гувернерот на рускиот регион Приморски крај, кој се наоѓа на крајниот исток на Русија.

Украинскиот претседател вели дека рускиот гувернер Олег Кожемјако рекол дека „загубите не се толку големи“.

Кожемјако во објава на апликацијата Телеграм вчера напиша: „Контактиравме со командантите на маринците на фронтот. Тоа се момците кои се во борба од почетокот на операцијата“. Рускиот гувернер тврди дека командантите му рекле дека „жестоко напаѓаат“ и дека „загуби има, но не се многу големи“.

Гувернерот тврди дека командантот му рекол дека загубите на војниците испратени во Украина од Приморски крај биле „значително преценети“.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Уште една руска манипулација

Русија не го прифаќа примирјето што го договорија САД и Украина

Катерина Ѓуровски

Русите објавија фотографии: зазедовме клучен град во областа Курс

Захарова: Ако странските сили дојдат во Украина, ќе одговориме со сите расположливи средства

ВИДЕО: Нов, голем украински напад со дронови на руска територија

Катерина Ѓуровски

Русија има цел список со услови за примирје