(ВИДЕО) Зеленски посети ослободеното село, му се придружи Пејчиновиќ-Буриќ

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го посети селото Јахидне, каде руските сили затворија речиси 400 жители во подрумот на училиштето. Зеленски во својот говор потсети како мештаните биле држени 27 дена на површина од помалку од 200 квадратни метри.

Сето ова се случи во текот на првиот месец од руската инвазија, која започна на 24 февруари минатата година.

„Единаесет луѓе загинаа. Овие луѓе некако живееја во темнина и ја чекаа Украина“, рече украинскиот лидер за време на посетата по повод првата годишнина од ослободувањето на селото.

„Гледајќи го сето ова, можам да му посакам на претседателот на Русија остатокот од животот да го помине во подрум, нудејќи нужда во кофа“, продолжи тој.

На украинскиот претседател му се придружија германскиот вицеканцелар Роберт Хабек и генералниот секретар на Советот на Европа Марија Пејчиновиќ Буриќ во неговата посета на Черниговската област.

Украинскиот претседател и неговите европски гости разговараa со мештаните кои биле приведени во подрумот на училиштето. Меѓу заложниците имало и 50 деца, меѓу кои и неколку бебиња, од кои најмалото имало месец и половина.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Украинците погодија складиште за нафта во самопрогласената Луганска република

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Русија жестоко ја нападна Одеса, има мртви и ранети

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем напад на Русија, пожар во магацин за дронови „Шахед“

Катерина Ѓуровски

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

Русите: Ја презедовме контролата

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор