(ВИДЕО) Зеленски: Победата на Украина е неизбежна, но не може да се предвиди кога ќе заврши војната

Од:

Украинската победа е неизбежна, но невозможно е да се предвиди кога војната ќе заврши, истакна украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето обраќање до јавноста доцна синоќа.

– Многу градови и заедници сè уште се под привремена контрола на руската војска. Но, не се сомневам дека е прашање на време кога ќе ја ослободиме нашата земја, подвлече украинскиот претседател.

Според Зеленски, нема едноставен одговор на прашањето кога Украинците ќе ги победат Русите. Победата и мирот, нагласи тој, ќе дојдат побрзо, како што истакна, доколку секој Украинец се бори.

– Кога ќе победиме, сите ќе го почувствуваа т тоа. Кога ќе дојде мирот, сите ќе го видат. Но, за да дојде до тоа и да се случи побрзо, треба да не размислуваме за тоа кога и како ќе биде. Мораме секој ден да размислуваме околу тоа како да го направиме уште понеподнослив престојот на окупаторот на нашата земја, додаде Зеленски.

Украинскиот претседател смета дека „за Русија да бара мир, секој Украинец мора да се бори“.

– Тие мора да ја бранат слободата. Затоа што секој ден борба сега додава година мирен живот откако ќе заврши оваа војна, заклучи Зеленски.

Би можело да ве интересира

Москва ја предупреди Европа: Испаќањето војска во Украина ќе значи дека НАТО е во војната

Трамп планира да депортира 240.000 Украинци

„Нема да има наметнат мир за Украина“, вели Шолц

Русија го нападна Макрон: Го тера Западот во светска војна

Блиски соработници на Трамп тајно се среќаваат со ривалите на Зеленски

Катерина Ѓуровски

Европскиот план за заштита на Украина „Sky Shield“ повторно е во игра

Катерина Ѓуровски