(ВИДЕО) Зеленски: Не се плашам од Трамп

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави дека Киев планира да набави 27 системи за воздушна одбрана „Патриот“ од американски производители, за да ја зајакне заштитата од руските воздушни напади.

Во интервју за „Гардијан“, тој изјави дека и европските земји би можеле да ги префрлат своите „Патриот“ системи во Украина, со цел побрзо да се зајакне одбранбениот штит на земјата.

Зеленски го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека наредува „терористички напади“ врз енергетскиот систем, со кои се убиваат цивили и милиони луѓе остануваат без струја и вода.

Украинскиот лидер се осврна и на односите со американскиот претседател Доналд Трамп, велејќи дека „целиот свет се плаши од него, но не и јас“.

Тој ги негираше тврдењата дека Трамп ги фрлил картите со фронтовските линии во Украина за време на нивниот состанок во Белата куќа во октомври, кога Киев очекувал американски ракети „Томахавк“.

„Тој не фрли ништо. Сигурен сум,“ рече Зеленски, опишувајќи го нивниот однос како „нормален, деловен и конструктивен“.

Според западни медиуми, Трамп наводно вршел притисок врз Зеленски да ги прифати условите на Путин за прекин на војната, предупредувајќи дека рускиот лидер ќе ја „уништи“ Украина ако тоа не се случи.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Украинските сили соборија беспилотни летала „Шахед“ за време на војната во Иран

Стармер со критика: Семејствата страдаат поради политиките на Трамп и Путин

Трамп му постави нов ултиматум на Иран: Ги полниме бродови со муниција ако мировните преговори не успеат

Горан Наумовски

„Дејли меил“: Трамп го замоли Џ.Д. Венс да најде излез од војната со Иран

Трамп размислува за повлекување на американските трупи од Европа

Зеленски: Украина ќе го почитува велигденското примирје