Украинскиот претседател Володимир Зеленски утрово и се обрати на јавноста и рече дека неговата земја ќе триумфира над руските сили, пишува Гардијан.
Тој рече дека владините сили сè уште го контролираат Киев и „клучните точки во градот“. Тој рече дека украинските сили ќе победат и ги критикуваше дезинформациите.
„Издржуваме и успешно ги одбивме непријателските напади. Борбите продолжуваат. Во многу градови и области на нашата држава. Но, ние знаеме што штитиме – земјата, иднината на децата. Киев и клучните точки околу главниот град се контролирани од нашата армија. Окупаторите сакаа да го блокираат центарот на нашата држава и да ги стават своите марионети овде, како во Доњецк. Ние им го прекршивме планот“, кажа Зеленски.
Во завршниот дел од својот говор тој рече: „Ве молам запрете ги оние кои лажат, или се обидуваат да ве лажат или не лажат нас. Мора да ја запреме оваа војна. Можеме да живееме во мир заедно“, вели тој.
„Нашата армија, нашата национална гарда, нашата национална полиција, нашата територијална одбрана, специјалните служби, граѓаните на Украина, продолжуваат. Ние ќе победиме. Слава на Украина“, додаде Зеленски.