(ВИДЕО) Заврши драмата во Пакистан: Сите се извлечени од жичарницата

Од:

Пакистанската армија ги паси четирите деца и двајцата возрасни заробени во жичарницата, која откако се скина една од сајлите се заглави на висина од 370 метри. Претходно без извлечени две деца.

Спасувачката операција е завршена, соопшти пакистанското Министерство за внатрешни работи.

Како што пренесува Ројтерс, спасувачката мисија била комплицирана од налетите на ветерот во областа и фактот дека сечилата на роторот на хеликоптерот ризикуваат дополнително да ја дестабилизираат жичарницата.

Децата оделе на училиште со жичара во северозападен Пакистан, во планинскиот дел на земјата.

Жичарницата поврзува две населени места и има две сајли од кои едната пукнала.

Пакистанскиот премиер Анвар ул Хак Какани нареди веднаш да се затворат сите „истрошени и несоодветни жичарници“, соопшти неговиот кабинет.

Многу деца кои живеат во оддалечените и планински области на Пакистан користат жичарници за да стигнат до училиште, но некои од нив не се одржуваат редовно и може да бидат опасни за користење, наведува Си-Ен-Ен.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Од жичарницата извлечени две деца, драматична снимка на спасување

Предраг Петровиќ

Над 1200 жртви во еднонеделниот топол бран во Пакистан

Емир Латифовиќ

Пакистан: Ученици се враќаат во училиштето по масакрот

Емир Латифовиќ

Пакистан го претстави првиот боен брод од домашно производство

Емир Латифовиќ

Втор напад на денот на изборите во Пакистан, осум повредени

Емир Латифовиќ

Пакистанскиот амбасадор во САД обвинет за богохулство

Емир Латифовиќ