Над 1200 жртви во еднонеделниот топол бран во Пакистан

Од:

Како последица на врелиот бран кој веќе една недела го погаѓа пакистанскиот град Карачи, досега починаа 1.233 лица, соопштија локалните власти, пренесува Танјуг.

Според директорот во Управата за вонредни ситуациии во провинцијата Синд Назар Мохамад Боздар, од 20 јуни во болниците се примени околу 65.000 лица повразно со топлотниот удар.

– Благодарејќи на брзата реакција на властите и медицинските установи, ситуацијата во последните денови се подобрува, па на лекување во локалните болници во моментов има само нешто над 1.900 лица, истакна Боздар.

И температурите се намалија, откако пред една недела достигнуваа до 45 степени Целзјусови, сега се движат околу 34 степени.

Најсмртоносниот врел бран кој некогаш се помни во Пакистан за несреќа се падна во месецот Рамазан, кога муслиманското мнозинство во земјата пости од зора до мрак.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Заврши драмата во Пакистан: Сите се извлечени од жичарницата

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Од жичарницата извлечени две деца, драматична снимка на спасување

Предраг Петровиќ

Пакистан: Ученици се враќаат во училиштето по масакрот

Емир Латифовиќ

Пакистан го претстави првиот боен брод од домашно производство

Емир Латифовиќ

Втор напад на денот на изборите во Пакистан, осум повредени

Емир Латифовиќ

Пакистанскиот амбасадор во САД обвинет за богохулство

Емир Латифовиќ