ВИДЕО: Од жичарницата извлечени две деца, драматична снимка на спасување

Од:

Пакистанската армија спаси две деца заробени во жичарницата која се заглави на висина од околу 370 метри откако претходно денеска се скина еден од каблите.

Уште пет деца и еден возрасен се уште се во кабината на жичарницата.

Како што пренесува Ројтерс, спасувачката мисија е комплицирана од налетите на ветерот во областа и фактот дека сечилата на роторот на хеликоптерот ризикуваат дополнително да ја дестабилизираат жичарницата.

Децата оделе на училиште со жичарница во северозападен Пакистан, во планинскиот дел на земјата.

Жичарницата поврзува две населени места и има два кабли од кои едниот пукнал.

Пакистанскиот премиер Анвар ул Хак Какани нареди веднаш да се затворат сите „истрошени и несоодветни жичарници“, соопшти неговиот кабинет.

Многу деца кои живеат во оддалечените и планински области на Пакистан користат жичарници за да стигнат до училиште, но некои од нив не се одржуваат редовно и може да бидат опасни за користење, наведува Си-Ен-Ен.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Заврши драмата во Пакистан: Сите се извлечени од жичарницата

Предраг Петровиќ

Над 1200 жртви во еднонеделниот топол бран во Пакистан

Емир Латифовиќ

Пакистан: Ученици се враќаат во училиштето по масакрот

Емир Латифовиќ

Пакистан го претстави првиот боен брод од домашно производство

Емир Латифовиќ

Втор напад на денот на изборите во Пакистан, осум повредени

Емир Латифовиќ

Пакистанскиот амбасадор во САД обвинет за богохулство

Емир Латифовиќ