(ВИДЕО) Запалена е синагога во Мелбурн, внатре имало верници, има и повредени

Од:

Синагога во предградието на Мелбурн, Австралија, денеска е запалена додека внатре имало верници, а едно лице е повредено.


Пожарот пред зори во синагогата Адас Израел, во населбата Рипонлеа, ги принуди верниците собрани на утринската молитва да побегнат на улица во 4:10 часот.


Оние кои избегале од пожарот велат дека напаѓачите ги искршиле стаклата и фрлиле молотови коктели во синагогата.


Штетата од пожарот е голема, а до 5 часот е изгаснат од екипа од 60 пожарникари со 17 возила, пренесува австралискиот медиум The Age.

Бенџамин Клајн, член на управниот одбор на синагогата, за Сиднеј морнинг хералд изјави дека верниците рекле дека освен што фрлале молотови коктели и кршеле прозорци, напаѓачите фрлале и запалива течност.

– Едно лице е повредено поради изгореници на раката, рече тој.

Би можело да ве интересира

Пожар во куќа во Кавадарци, пронајдено тело на маж кој најверојатно се задушил

Трагедија во нелегален хостел: Петмина загинати во пожар во Полска

Обид за атентат врз гувернерот на Пенсилванија

Нема повредени во пожарот кај Клинички центар, зафатени две возила и фасада на зграда

Голем пожар во близина на Клинички центар

Катерина Ѓуровски

38-годишен маж е повреден во пожар во Гостивар