Повеќе Е од 110 лица се полесно повредени во голем пожар што беснее северно од Марсеј со денови, изјави францускиот министер за внатрешни работи Бруно Рејто. Пожарот сè уште не е под контрола, а хеликоптери и повеќе од илјада пожарникари се борат со него.
„Пожарот сè уште не е под контрола“, изјави Рејто за новинарите во вторник вечерта за време на обиколката на погодената област. Тој додаде дека повеќето од повредите се полесни и дека досега нема жртви.
BREAKING : Huge Wildfire Erupts in Marseille — Emergency Crews on Site 🇫🇷 pic.twitter.com/Pa0lO6raJ5
— MOHAMMAD AHSAN (@MOHAMMAD_AARSH) July 8, 2025
Според Мартин Васал, претседателка на метрополитенската област Екс-Марсеј-Прованс, пожарот бил предизвикан од автомобил што се запалил покрај автопатот. Пожарот избувнал во близина на Ле Пен-Мирабо и се проширил на површина од околу 720 хектари. Околу дваесетина згради биле оштетени, додека стотици домови биле евакуирани.
Градоначалникот на Марсеј, Беноа Пајан, ја опиша ситуацијата како „битка“ и ја спореди борбата против пожарот со „герилска војна“. „Чекаме да видиме како ќе се развива во текот на ноќта, тоа ќе биде клучно“, рече Пајан. „Сè е стратешки важно: брзината на ветерот, влажноста, ноќта и кој било фактор може да го промени текот на настаните. Опасноста е сериозна, а работата е исклучително тешка.“
Воздушниот сообраќај на аеродромот Марсеј Прованса е прекинат, а болницата Хоспитал Норд се префрли на генератори поради проблеми со снабдувањето со електрична енергија. Регионалниот институт АтмоСуд предупреди за концентрација на штетни честички во воздухот десет пати поголема од дозволениот максимум дневно.
Пожари избувнаа и во други делови од Медитеранот. Неколку области горат во североисточна Шпанија, а минатата недела пожари го зафатија и јужен Крит, каде што беа евакуирани повеќе од 1.500 луѓе. Нови пожари беа пријавени и во текот на викендот во близина на Атина, во западна Турција и во североисточна Сирија.