Антивладини демонстранти на исток на Бангладеш, запалиле автобус полн со патници, при што загинале седум лица, пренесуваат локалните медиуми.
Во нападот на градот Чудограм, кој им се припишува на активисти на главната опозициска „Бангладешка националистичка партија“ БНП чиј лидер е поранешниот премиер Калед Зија, потешко се повредени уште неколку патници, пренесе „Франс прес“.
-Четири до пет патници се борат за живот, со оглед на тоа што имаат изгореници на 40 до 80 проценти од телата. Тие се пренесени во болница во Дака – изјави локалниот шеф на полиција Тутул Чакрабарти.
Инаку вкупниот број на жртви во едномесечните протести во Бангладеш, кои имаат за цел отповикување од власт на премиерката Шеика Хасине изнесува 53 лица.
Е. Г.