ВИДЕО: Заложничка драма во банка во Франција, напаѓачот држи заробени неколку клиенти

Од:

Околу 17 часот, во центарот на францускиот град Ле Авр во Нормандија минувачите беа сведоци на заложничка драма.

На булеварот де Стразбур, вооружен маж упадна во просториите на банката БРЕД каде се наоѓале седум клиенти.

Според информациите што ги пренесуваат француските медиуми, три лица се уште се држат внатре во банката, а останатите тројца биле ослободени од напаѓачот.

Од банката успеал да побегне и 53-годишен маж.

Напаѓачот има неколку барања, а тие, како што пренесе локалното радио Франс, би можеле да бидат од верска природа.

Пред банката мобилизирани се голем број полициски сили, а забележано е присуство на специјалци за брза интервенција.

Би можело да ве интересира

Откриено кој е „херојот со ранецот“ кој го бркаше мигрантот кој избоде деца во парк во Франција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Напаѓачот од Анеси при апсењето имаше крст и христијански молитвеник

Горан Наумовски

ВИДЕО: Сириец во Франција избоде тригодишни деца, се шири снимка од бегањето

Катерина Павлова-Николовска

ВИДЕО: Шест деца избодени со нож во парк во Франција

Катерина Павлова-Николовска

Пукање во Франција: Шестмина повредени

ВИДЕО: Илегален фестивал во Франција: Се собраа 30 илјади луѓе, отворено истрага