ВИДЕО: Загрижувачка порака на Трамп до Иран додека трае кревкиот мир

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп упати прикриена закана, нарекувајќи го отсуството на воена акција на Блискиот Исток затишје пред бура, среде извештаите за разговори со неговите најблиски помошници за продолжување на воздушните напади врз Иран.

На фотографијата генерирана од вештачка интелигенција што ја сподели на социјалните мрежи, Трамп е прикажан како носи капа „Да ја направиме Америка повторно голема“, додека адмирал на американската морнарица стои до него.

Фотографијата ги прикажува двајцата среде бурно море и молњи, на палубата на американски воен брод, додека во позадина може да се видат ирански бродови.

„Ова беше затишјето пред бурата“, пораката споделена со фотографијата може да се протолкува како предупредување до Иран, откако „Њујорк тајмс“ објави дека Трамп е на пат да донесе клучна одлука за Иран, додека неговите најблиски соработници прават планови за продолжување на воздушните напади ако одлучи да го прекине дипломатскиот ќорсокак со воена сила.

Фотографијата беше објавена додека кревкото примирје од 8 април останува на сила на Блискиот Исток, но тензиите околу стратешки важниот морски премин Ормутски теснец не покажуваат знаци на смирување, што го натера Трамп да ги интензивира средбите со светските лидери.

Би можело да ве интересира

Рубио: Нема напредок во преговорите со Иран, барањата на Техеран се неприфатливи

Багеи: Планот на Иран за ставање крај на војната е најлогичната патоказ

Џефрис: Хегсет мора да си оди, ја загрози националната безбедност на САД

(ВИДЕО) Трамп: Омразата меѓу Путин и Зеленски е главната пречка за мир, Украина ќе има поинакви граници

Техеран ѝ се закани на Америка со разорен одговор, Аракчи порача: „Ќе ги видите резултатите“

Трамп сакаше шефот на УФЦ да биде портпарол на Белата куќа, го одби