ВИДЕО: За изградба на sид со Мексико, САД разнесоа древни индијански гробишта

Од:

Градежни работници разнесоа древни индијански гробишта во Аризона за да можат на нивно место да подигнат граничен ѕид меѓу САД и Мексико.

Американските власти потврдија дека било извршено контролирано минирање во природниот резерват “Орган Пајп Кактус Нашионал Моњумент”, признаен од “УНЕСКО”.

Раул Гријалва, демократски застапник, рече дека тоа е “богохулење и дека властите не се консултирале со владејачкото тело на племето “Тохоно Одам”, кое го населувало ова подрачје уште од дамнина.

Еколошките организации веќе извесно време предупредуваат за штетата што таа градба ќе им ја нанесе на подземните води, но и за миграцијата на дивиот свет во пустинскиот регион на околу 185 км западно од Туксон.


Властите велат дека на подрачјето на националниот парк е предвидено да се изгради ѕид висок 9 метри на потег од 90 километри, пренесува “Би-Би-Си”.

Според интерниот извештај на Националната служба на паркот објавен од „Вашингтон пост“, администрацијата на Трамп би можела да уништи дваесет археолошки локалитети за време на изградбата на граничниот ѕид во резерватот „Орган Пајп“.

Би можело да ве интересира

Русија и Америка заедно гласаа против резолуцијата за Украина, Македонија гласаше „воздржано“

Горан Наумовски

САД ќе стават вето на секој амандман на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за Украина

САД нудат „трајно партнерство“ меѓу Вашингтон и Киев

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени