ВИДЕО: Вулкан на Филипини исфрла лава на три километри од кратерот, илјадници евакуирани

Од:

Илјадници луѓе се евакуирани откако вулканот Мајон на Филипините почна да исфрла пепел и отровни гасови. Сеизмолозите соопштија дека во последните 24 часа е забележан најмалку еден земјотрес поради активноста на вулканот.

Филипинската цивилна одбрана соопшти дека повеќе од 12.800 луѓе, главно селани од основата на вулканот, биле преместени во центрите за сместување. Мајон е на околу 330 километри југоисточно од Манила и се смета за еден од најактивните вулкани на Филипините. Земјотресите и вулканската активност се вообичаени на Филипините, кои се наоѓаат во таканаречениот Огнен прстен на Пацификот, каде што се судираат тектонските плочи.

Би можело да ве интересира

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски

Силен земјотрес ги погоди Филипините, издадено е предупредување за цунами

Еруптира вулкан на Филипините: Училиштата затворени, издадено предупредување за авиони