ВИДЕО: Возач со автомобил влета во барикадите пред Капитол во Вашингтон, еден полицаец загина

Од:

Драматичен инцидент се случи попладнево по локално време пред американскиот конгрес, кога возач влета со автомобил и се обиде да ги пробие полициските барикади, повредувајќи двајца полицајци. Еден полицаец загинал во нападот, како и осомничениот, кој е застрелан, соопштија официјалните лица.

Kонгресната зграда e затворенa по пукањето, а на вработените им било кажано да не влегуваат или излегуваат од зградата, според медиумите.

Дваесетина минути по инцидентот, на тревникот пред Конгресот слета хеликоптер.

Според официјалните лица од конгресната полиција, напаѓачот по ударот извадил нож и се обидел да ги нападне полицајците кои ги прегазил. Тогаш еден од полицајците го застрелал во стомакот, а тој им подлегнал на раните во болница, исто како и еден од тешко повредените полицајци.

Би можело да ве интересира

Кина издаде предупредување за ризик за туристите кои патуваат во САД

Горан Наумовски

САД воведоа нови санкции кон Иран

Канада возврати на царините на Трамп

ЕУ го воведе првиот сет на царини за увоз од САД

Горан Наумовски

За се виновни се САД: Работа е запрена, отпуштањата се неизбежни

Иран го отфрли директниот дијалог со САД: Не ја гледаме поентата